Претплати се на Кирилица RSS
Follow kirilica on Twitter
 
 
 
 
 
Зимско сметање на времето во недела по полноќ
сабота, 30 октомври 2010
 
Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера
 

 
 
Во недела завршува летното сметање на времето, на 31 октомври кога стрелките на часовниците се поместуваат еден час наназад, така што три часот по полноќ ќе се смета како два часот.

Воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес и често пати бил менуван во текот на годините. Се почнало со Бенџамин Френклин, кој додека бил американски делегат во Франција, во 1784 го напишал есејот „Економичен проект“.

Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. На 21 мај 1916 година Велика Британија, следејќи го примерот на Германија прв пат го воведува летното сметање на времето. Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на четири последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично.

Поместувањето на сказалките во западна Европа воведено е на почетокот на ’70-те години од минатиот век, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда на потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.

Во Европа во 1996 година постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од месец март, точно во 01:00 часот наутро според универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време.
Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува последната недела од октомври. Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население.

Исланд е единствената европска земја, која не го воведе зимското и летното сметање на времето.
Од 2007 Американците го сменија начинот на кој го сметаат времето, односно почетокот и крајот на летното сметање на времето, така што сега тие ги менуваат часовниците вториот викенд од март и првиот викенд во ноември.

На јужната хемисфера почетокот и крајот на летното време е спротивен во однос на северната.Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината.
Повеќето модерни компјутерски оперативни системи имаат можност за автоматски премин на летно сметање на времето. Меѓутоа Израел до пред неколку години го менуваше летното време различно од остатокот од светот, поради посебниот лунарен календар, така што повеќето системи не можеа да преминат кон израелското летно време.

Некои астрономи меѓутоа се против поместувањето и вештачкото продолжување на денот, бидејќи сметаат дека „природата не треба да се измачува“, дури и доколку како оправдување се користат економските причини.

 

Share
Испрати коментар


преостанати карактери

Име:

Град:

E-mail:


Коментари

Содржината на коментарите претставува лично мислење на авторите и не треба да се доведува во корелација со ставовите и уредувачката политика на Кирилица. Редакцијата го задржува правото да ги отстрани оние коментари кои не се однесуваат на веста од оваа страница или пак оние со некоректна содржина.

Известете не за некоректни коментари на komentari@kirilica.com.mk
Od koja godina vo R.Makedonija e vovedeno letno i zimsko smetanje na vremeto?
Mitko, Skoje на 01.11.2010 во 08:44
 
 
 
  ОСТАНАТИ ВЕСТИ
Од 1 јули Т-Мобиле Македонија ќе престане да постои 20.04 | 18:24
Утре од минус три до 18 степени 20.04 | 18:24
Јолевски го промовираше новиот правилник за исхрана на припадниците на АРМ 20.04 | 18:24
Јапонците планираат мисија на Месечината 20.04 | 18:23
Бранко Црвенковски: Ваква тоталитарна власт може да биде поразена само од народ и со народ 20.04 | 15:13
Горивата поскапи за 1,5 денари 20.04 | 14:25
Намалување на реколтата на тутунот поради поплавите 20.04 | 14:24
Македонија нова туристичка дестинација за Французите 20.04 | 14:19
Мртов маж пронајден во водите на вештачкото езеро кај Прилеп 20.04 | 14:18
Норвешка ги укинува ФМ радијата 20.04 | 10:48
Групно венчавање во радовишка Ораовица 20.04 | 09:06
Почнува судењето на лидерот на Златна зора и на десетици други нејзини членови 20.04 | 09:06
Во Кувајт откриени четири нови нафтени полиња 20.04 | 09:06
Сончево со умерена облачност 20.04 | 08:58
Нова бомба од СДСМ: Груевски нарачувал шамари за Жерновски 19.04 | 19:21
Прадедото на Бен Афлек бил сопственик на робови 19.04 | 19:02
Француската царина заплени повеќе од два тони кокаин 19.04 | 19:01
ИД објави снимка на егзекуција на 30-тина етиопски христијани 19.04 | 18:59
Родителите да ги вакцинираат децата, апелираат надлежните 19.04 | 18:59
Работнички по продолжение го победи Кожув 19.04 | 18:57
Нигерија: Мистериозна болест убива за 24 часа 18.04 | 19:28
Продолжено породилно за второ, трето или повеќе деца 18.04 | 15:45
Рама: Обединувањето на Албанија и Косово е неизбежно 18.04 | 15:45
Словенија бара Србија да и го врати културното наследство од времето на поранешна Југославија 18.04 | 15:45
Асанж се согласи да биде испрашуван во еквадорската амбасада во Лондон 17.04 | 13:05
Дарко Митревски го стопира филмскиот проект „Аферата Мис Стон“ 17.04 | 13:00
Во Франција азил во 2014 година добиле само 15 лица од Македонија 17.04 | 12:59
Во Индија пронајдени скелети на припадници на древна цивилизација 16.04 | 16:35
Одбележан Националниот ден на холокаустот - Јом Ашоа 16.04 | 16:34
Горан Миленков, нов претседател на Антикорупциска 16.04 | 16:34