Претплати се на Кирилица RSS
Follow kirilica on Twitter
 
 
 
 
 
„Нова Зора“ - весник на македонски јазик во Грција
четврток, 06 мај 2010
 
Во Грција излезе првото издание на весникот „Нова Зора“ кое содржи текстови на македонски јазик
 

 
 
Пораката на весникот е јасна „Времињата на стравот поминаа. Нашата земја не може веќе да се крие зад прст. Мора да се согласи и да се прилагоди на тоа што се случува во другите европски земји“, порачува редакцијата на весникот и нејзиниот главен уредник, Димитри Јоану.

- Денешниот ден е еден историски ден за македонското движење, но и за сите грчки граѓани кои посакуваат една навистина европска, демократска Грција. Почнува да циркулира првото масовно средство за информирање кое содржи вести, артикли и коментари и на македонски јазик. Еден јазик кој во Грција официјално не постои, но неофицијално го зборуваат или го разбираат повеќе од половина милион луѓе, претежно во северна Грција, се вели во денешното соопштение од редакцијата на весникот на македонски јазик „Нова Зора“.

„Нова Зора“ е весник кој се обраќа пред се на Македонците кои сакаат да држат контакт со нивниот мајчин јазик, кои посакуваат да го научат подобро и тие и нивните деца, кои сакаат да ги бараат нивните права, да научат за нивната историја и култура.

- Истовремено, весникот се обраќа и кон пошироката публика, кон тие кои не можат веќе да трпат заговор за неинформирање, во кој не осудија останатите грчки медиуми и големите новинари. Затоа, Нова Зора ќе им понуди на читателите теми што не се наоѓаат на друго место. Непознати страни на познати случувања кои намерно останаа во темнината со децении, обични секојдневни приказни, анализирања и мислења без маски, зависност и дотерувања. Ова е нашиот аманет, појнсува редакцијата на „Нова Зора“.

Share
Испрати коментар


преостанати карактери

Име:

Град:

E-mail:


Коментари

Содржината на коментарите претставува лично мислење на авторите и не треба да се доведува во корелација со ставовите и уредувачката политика на Кирилица. Редакцијата го задржува правото да ги отстрани оние коментари кои не се однесуваат на веста од оваа страница или пак оние со некоректна содржина.

Известете не за некоректни коментари на komentari@kirilica.com.mk
Airlija da e i vecen da e.
Ljupco, на 08.05.2010 во 13:45
Nekogas, odamana, Helenite gi narekuvale "varvari" antickite makedonci, koi pak bile mnogu podobro organizirani, voeno i drzavno. Nekoe drugo utre, veruvam, deka denesnive "grci" ke se sramuvaat od svoeto odnesuvanje. Vremeto raboti za nas. Da bideme gordi ,dostoinstveni i istrajni. Vistinata sekogas izleguva na videlo. Mnogu pozdravi
Blagoja Dejkoski, Bitola на 06.05.2010 во 18:17
BRAVO So golemo zadovolstvo ke ve citat site Makedonci od cel svet raseleni . Jazikot i pismoto e najgolemo bogastvo na eden narod !!!
TRAJANKA, SKOPJE на 06.05.2010 во 16:29
bravo!!!!!11 cestitki za vinozito i im posakuvam golemi tirazi!!!
meri, на 06.05.2010 во 13:18
 
 
 
  ОСТАНАТИ ВЕСТИ
Предлог - законот за безбедност во сообраќајот го мина владиниот филтер 21.12 | 21:10
Ноќеска почнува зимата 21.12 | 14:45
Во Франција откриени две печатници за лажни евра 20.12 | 10:44
Уапсена мајката на децата убиени во Австралија 20.12 | 10:41
Кина: Пародијата за Ким последица на културна ароганција 20.12 | 10:35
Лустриран Ѓорѓи Спасов, поранешен министер и амбасадор 20.12 | 09:36
По маглата, сончево и потопло 20.12 | 09:35
Прва премиера во новата зграда на Велешкиот театар 20.12 | 09:31
Северна Кореја ги отфрли обвиненијата за поврзаност со хакерскиот напад врз Сони 20.12 | 09:31
ФБИ ја обвини Северна Кореја за хакерскиот напад врз филмското студио „Сони“ 20.12 | 09:31
Ставрески: Нема одложување на плаќањето придонеси за хонорарите 19.12 | 13:37
ЕУ ја прогласи дебелината за инвалидитет 19.12 | 13:36
Осум деца пронајдени мртви во куќа во австралиската држава Квинсленд 19.12 | 08:13
Турци уапсени за шпионажа во Германија 19.12 | 08:08
Авиокомпаниите во 2014 година превезле 3,2 милијарди патници 19.12 | 08:07
Претпладне сончево и студено, попладне облачно 19.12 | 08:06
Што кажа претседателот Иванов во годишното обраќање пред пратениците 18.12 | 21:00
Италија: Запленети над 170 милиони ластичиња за деца поради токсични супстанци 18.12 | 16:31
Путин три часа им одговараше на новинарите на годишната конференција во Москва 18.12 | 16:27
Далај Лама стравува дека е можеби последниот духовен водач на Тибетанците 18.12 | 16:25
Како специјалците ја решија заложничката драма во Сиднеј 18.12 | 08:15
Нема веќе породување со царски рез по желба на родилката 18.12 | 08:15
Единаесетгодишно девојче загина во сообраќајка во Арачиново 18.12 | 08:15
Променливо облачно со сончеви периоди 18.12 | 08:13
Лекови од екстракт на марихуана од јануари во аптеките во Словенија 17.12 | 19:50
Грчките пратеници не избраа претседател во првиот круг 17.12 | 19:49
Куба ослободи 53 американски политички затвореници 17.12 | 19:48
Аплауз и длабок наклон за Сашко Коцев: Господа пратеници и функционери, вие сте само бели пудлици! 17.12 | 19:38
САД распоредуваат војска долж руската граница 17.12 | 17:04
Германија ќе воведе патарина 17.12 | 17:03