Кирилица

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно во Кичево и Струга

 Управниот суд ја прифати жалбата на СДСМ по одлуката на општинската изборна комисија во Кичево да не ја завери заедничката совентичка листа на двете најголеми македонски политички партии - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори за советници. Уставниот суд одлучи:

-Тужбата на тужителот Подносител на Листа за кандидати за избор на советници на Совет на Општина Кичево, Социјалдемократски сојуз на Македонија и други политички партии наведени во договорот за коалицирање, поднесена преку Овластен претставник, се уважува. Листата на кандидати за избор на советници во Совет на Општина Кичево, поднесена од Социјалдемократски сојуз на Македонија и други политички партии наведени во договорот за коалицирање до Општинската Изборна Комисија на ден 09.03.2013 година, во 04.10 часот,се потврдува, од причина што е констатирано повлекување на поднесената Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Кичево поднесена од Овластен подносител на листа на кандидати од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО – Демоктарска партија за Македонско Национално Единство) и е поништено Решението на Општинската Изборна Комисија Кичево Бр.11-91/1 од 18.02.2013 година со Одлуката на Државната Изборна Комисија Бр.11-1013/1 од 08.03.2013 година“ – стои на сајтот на Управниот Суд.

Истата одлука е донесена и за Струга