Кирилица

Џамијата во Бутел ја градат вахабисти?


 
 
Жителите на Бутел се на работ на толеранцијата заради дивата изградба на џамија во нивната општина, а уште повеќе заради молчењето и непостапувањето на локалните власти во врска со овој проблем.

Кирилица дојде до информација од локален извор добро упатен во политичките состојби во овој дел од Скопје, дека е прилично напнато и во месниот комитет на ВМР0-ДПМНЕ во оваа општина. Според анонимниот извор, постои сериозна поделеност меѓу членовите на оваа партија од Бутел заради пасивната позиција на нивниот градоначалник Петре Латиновски и советниците во советот на општината во врска со проблемот со дивата изградба на џамијата.

Меѓу локалното население кружи информација дека објектот го финансира и е наменет за вахабистичкото движење на муслиманите во Македонија. Објектот кој започна да се гради како приватна куќа, преку ноќ доби куполи и е очигледно дека се работи за џамија. Во отсуство на официјален коментар на надлежните, локалното население шпекулира дека зад овој муслимански верски објект стојат вахабисти и дека минарето ќе се гради по локалните избори на пролет.

За потсетување, џамијата се гради без никаков проблем и реакција на надлежните служби на место предвидено за изградба на семеен дом за живеење, а и покрај неколкудневната реакција на медиумите и локалното население, одговорните од општина Бутел се уште немаат излезено со било какво објаснување на состојбата.


Поврзана вест:
Џамија наместо куќа во Бутел: Тоа е тоа!