1.140.000 ев­ра за оградата на мостот кај Холидеј Ин

ВЕСТИ
09.05.2012 10:20

 
 
Око­лу еден милион евра ќе чини новата ограда за мостот кај Холидеј ин. Град Скопје склучил договор со група понудувачи: Рудници и же­ле­зар­ни­ца - Институт од Скопје и белградската леарница Јеремиќ., Тие за 1.140.000 ев­ра треба да ја изработат и да ја монтираат заштитната ограда. По поставувањето на оградата ќе се отстрани и старото осветление. Новото ќе подразбира ламби на декоративни столбови.

Но­ва­та ограда на мостот кај Холидеј ин е двапати поскапа од онаа на мос­тот кај МАНУ, за која беа потрошени околу половина милиони евра, а чини трипати повеќе од оградата за мостот Гоце Делчев, за која беа одвоени 370.000 ев­ра.  

Од Град Скопје не објасниле зошто оградата на овој мост е двојно, од­нос­но тројно поскапа од останатите огради.

-Со склучениот договор е предвидено да се изведе втората фаза од ре­конс­трук­ци­ја­та на мостот кај Холидеј ин. Рудници и железарница - Ин­сти­ту­т и уметничката леарницата Јеремиќ треба за предвидената сума да из­ра­бо­тат леана метална стилско-декоративна ограда и осветлување на мос­тот и да ги инсталираат, изјавиле од кабинетот на градоначалникот Коце Тра­ја­нов­ски.

Ав­тор на идејното решение за новиот изглед на мостот е Константин Ја­нев, кој е автор и на двата лава на мостот Гоце Делчев. Според про­ек­тот, на оградата ќе бидат изведени слики и мотиви од нашето културно нас­лед­ство. На овој мост нема да има грандиозни скулптури.