Кирилица

Убијците Исмаиловиќ на Фејсбук се Исмаили?!

 

Зошто осомничените за убиството на петмината невини граѓани кај Смиљковци во полиција се Исмаиловиќ, а на нивните Фејсбук профили се Исмаили. МВР излезе со информација дека двајца од тројцата кои стрелале кај Железарското Езеро се браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Но доколку го побарате лицето Агим Исмаиловиќ на социјалната мрежа Фејсбук, ќе ја добиете лице со име Агим Исмаили, а на неговата профил фотографија ќе го препознаете ликот од фотографиите на еден од осомничените за убиството. 

Зошто има разлика во презимето кај осомничените за убиство. Граѓаните го бараат одговорот. Дали овие лица навистина се Исмаиловиќ и дали некој се обидува да ја дефокусира јавноста од вистинската национална припадност на монструмите кои извршија петкратно убиство над невини лица?