МРТ: Радиодифузна такса плаќа секое семејно домаќинство

ВЕСТИ
25.02.2011 09:53

 
 
- Според тоа, обврската не се однесува на физичко лице туку на семејно домаќинство и истото е обврзник за плаќање на радиодифузна такса, освен во случаите кога во станот (куќата) во кој/а што живеел починатиот повеќе никој не живее, се вели во известувањето.

Управниот одбор на МРТ воедно констатира дека се неосновани наводите искажани во медиумите дека ова Јавно претпријатие има обврска да ги бара потомците на починатите должници за радиодифузна такса, бидејќи регулирањето на наследно - правните односи е во рацете на наследниците и МРТ нема информација за тоа до каде е постапката.

Доколку станува збор за двојно задолжување со радиодифузна такса, односно се задолжени и починатиот и неговиот брачен другар, од МРТ посочуваат оти потребно е, во постапката предвидена со актите на јавниот радиодифузен сервис, починатиот да се избрише од Регистерот на обврзниците за плаќање на радиодифузна.

Регистерот, согласно Законот за радиодифузна дејност, го води ЈП МРТ.