Кирилица

Повредени на инцидентот на Кале


 
 
Дупнати глави, еден прободен со нож и неколку повредени полицајци. Денес  околу 13 часот се случи инцидент на скопското Кале, кога неколку македонски и албански здруженија и неформални групи најавија дека ќе го искажат својот став за рушењето на Музејот- црква.

Неофицијално, инцидентот се случил кога се пресретнале навивачките групи на Комитите и Шверцерите по што почнале да се удираат со камења, дрвја и други предмети. Во моментов на Кале полицијата со сите сили интервенирала да се спречи поголем инцидент.

- Пет лица побарале помош во Градската Болница. Четворица се пуштени дома по прегледот бидејќи се јавиле со помали повреди од удари со камен и други слични предмети. Врз петтото лице се уште се вршат интервенции. Кај него веројатно се работи за потрес на мозокот и истиот постои можност да биде задржан на лекување. До сега не е примено лице со убодна рана. Еден од прегледаните имал посекотина на потколеницата која не била посериозна- вели доктор Нино Груев од Градската Хируршка Болница.

Во Воената Болница засега има информација за преглед на еден полицаец кој бил повреден во раката со камен.