Србите најнадарени Европејци

МАГАЗИН
12.01.2011 13:35
 
Девојки ако не сте „пробале“ нешто српско, време е да го направите тоа. Иако, секој трет Србин е уверен дека должината на неговиот пенис е мала, истражувањата велат дека Србите се „најнадарените“ мажи во Европа. Последното истражување на андрологот д-р Сава Бојовиќ покажува дека просечната должина на половиот орган кај мажите од соседна Србија е 17 сантиметри, што ги сместува на врвот на листата на „најнадарени“ мажи во Европа.

Пресечната должина на пенисот кај мнозинството Европејци изнесува од 11 до 15 сантиметри. Тоа им дава можност на Србите да се пофалат дека се над европскиот просек. И не само дека се над просекот, туку и дека имаат идеална големина на полов орган. Така барем тврди доктор Бојовиќ, според кој просекот од 17 сантиметри е идеален, но мажите со поголема машкост имаат проблеми во текот на животот.

Преголемиот пенис, иако на прв поглед е примамлив за понежниот пол, на долги патеки е извор на проблеми поради сиромашниот сексуален живот и болките на кои се жалат мажите. Андрологот истакнува дека поголем број од своите пациенти ги испратил на операција за намалување на должината на пенисот, бидејќи им се случувало за време на ерекција да паднат во несвест.