Претплати се на Кирилица RSS
Follow kirilica on Twitter
 
 
 
 
 
Донесен Законот за електронски комуникации
четврток, 17 јуни 2010
 
Пратениците во рамките на продолжението на 107. седница ги усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации, во второ читање и Извештајот за работата на комисијата за хартии од вредност за 2009 година
 

 
 

Пратеничката Весна Бендевска од СДСМ рече дека Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации е антиевропски и оти пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не треба да гласаат за негово донесување.

Катерина Димевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Владата е одговорна и ги следи препораките од ЕУ.

Собранието по завршувањето на 107. седница ја почна расправата по 101.седница во рамки на која го усвоија Извештајот за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2009 година и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2009 година.

Поднесувачот на извештајот и претседател на Совет на јавните обвинители на Република Македонија Елена Гошева рече дека Советот постапува по претставки и поплаки поднесени од граѓани и пправни лица, незадоволни од работата на јавните обвинители, а податоците за истите се составен дел од годишниот извештај.

- Во текот на 2009 година до Советот биле поднесени вкупно 169 претставки и поплаки од кои по 167 Советот се произнел и ги известил подносителите, додека само две претставки поднесени кон крајот на годината останале во работа. Од вкупниот број на претставки, 112 се поднесени од граѓани, 34 се поднесени од правни лица, а за 23 претставки подносителот е анонимен, истакна Гошева.

Пратеникот Владо Бучковски од СДСМ рече дека извештајот е сувопарен, но и дека за функционирањето на една нова институција очекувал да се каже дали се гарантира самостојност во вршењето на функцијата на јавни обвинители.

Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ рече дека извештајот ги содржи сите елементи од правен аспект.

 

Share
Испрати коментар


преостанати карактери

Име:

Град:

E-mail:


Коментари

Содржината на коментарите претставува лично мислење на авторите и не треба да се доведува во корелација со ставовите и уредувачката политика на Кирилица. Редакцијата го задржува правото да ги отстрани оние коментари кои не се однесуваат на веста од оваа страница или пак оние со некоректна содржина.

Известете не за некоректни коментари на komentari@kirilica.com.mk
 
 
 
  ОСТАНАТИ ВЕСТИ
Средба Груевски-Папандреу во Њујорк? 03.09 | 10:31
Три лица убиени во Аеродром 02.09 | 23:59
3Д презентација на становите за Армијата 02.09 | 19:30
СДСМ: Анализирајте си го аздисаното владеење на Груевски 02.09 | 19:08
ВМРО-ДПМНЕ: Од каде им се парите на Бранко, Хари, Штерјо... 02.09 | 18:53
Владината коалиција на стаклени нозе 02.09 | 18:35
Нема тајна дипломатија меѓу Скопје и Атина 02.09 | 16:10
Арсов: Бранко, нема иднина со твоите стари грешки 02.09 | 16:00
Инспектор крадел дрва 02.09 | 15:55
Осум од десет граѓани на Македонија соработуваат со некоја банка 02.09 | 15:53
Наумовски: Има значително подобрување во областа на животната средина во споредба со минатата година 02.09 | 15:49
СДСМ: Тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ, дека е чесна партија блиска до народот, е само мит 02.09 | 14:57
Утре сончево со умерена облачност 02.09 | 14:47
Деловникот пред пратениците во вторник ако СДСМ го прифати 02.09 | 14:42
ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули примерно да се однесува 02.09 | 14:37
Маневски: Конфискуван имот од околу 20 милиони евра 02.09 | 14:26
Србинот осомничен за убиството на Новаковиќ се крие во Албанија 02.09 | 12:35
Случајот „Мавровски работници“ ќе почека уште месец и половина 02.09 | 12:26
Кривични пријави за учесниците во заложничката драма 02.09 | 12:22
Девојче се бори за живот по пад од 4 кат 02.09 | 12:12
ЛДП: Бесплатен превоз за студентите во Скопје 02.09 | 10:53
Груевски ќе даде отчет за реализираното 02.09 | 09:06
Иванов: Да покажеме дека во Македонија секогаш се живеело заедно 02.09 | 08:26
Дебарчанец ја киднапирал бившата за да ја тепа 01.09 | 19:48
Покрената тужба против рецензентите на Општество 01.09 | 19:36
Обвинет за мавровски работници уапсен во Србија 01.09 | 19:30
Опасност од жолтица 01.09 | 19:15
Милошоски: Црвенковски со мали трикови сака да изигрува голем политичар 01.09 | 16:25
Црвенковски: Има ноторни лажговци и тотални идиоти 01.09 | 16:13
Утре сончево, со температура околу 25 степени 01.09 | 16:07